Ситните чоколадни колачи со бисквити имаат толку совршен вкус што нема да можете да им одолеете. Ако досега не сте правеле колачиња, ова е рецептот за вас бидејќи е многу едноставен.
Состојки:
350 гр мелени бисквити
100 гр мелени ореви
100 гр чоколадо за готвење
150 гр шеќер во прав
30 гр какао во прав
100 гр путер
200 мл млеко
150 гр млечна чоколада
чоколадни трошки
Какаото, шеќерот во прав, оревите и сечканата чоколада за готвење измешајте ги со мелените бисквити. Додадете ги растопениот путер и млекото, па соединете ја смесата. Потоа префрлете ја на хартијата за печење, обликувајте ја како векна и потоа завиткајте ја во хартија.
Ставете во фрижидер два до три часа, а потоа исечете ги на парчиња.
Врвот на колачите потопете ги во млечното чоколадо кое го растопивте на пареа. Посипете со чоколадни трошки, па повторно ставете го во фрижидер да се стврдне.