Оваа салата е многу вкусна, а готова е за помалку од половина час.
Време е малку да се забави, па тешката храна која сите ние ја конзумираме во зимските денови, тешко се вари и одзема енергија да ѓи замениме. Заборавете на гравот, варената зелка и сармата и веднаш почнете да купувате овошје и зеленчук кои можете да ги подготвите со риба или пилешко.
Пред се, важно е да се каже дека оваа салата ја препорачуваат многу нутриционисти, има малку калории, дава енергија и е погодна за слабеење.
Потребно е:
- 400 гр пилешко филе
- 100 гр чадена сланина
- 30 гр пармезан
- поголема главица зелена салата
- 2 чери домати
- 30 гр ананас
- сок од 1 лимон
- Кисела павлака
- една лажица мајонез
- една лажица маслиново масло
Подготовка:
Пилешкото пропржете го или издинстајте, во тава (без масло) малку пропржете ја сланината, па исчистете ги зелената салата, ананасот, доматот и исцедете го лимонот. Состојките се редат во поголем сад, па се додава преливот (павлаката и мајонезот) да не биде сува и се посипува со пармезан.
Пријатно, уживајте.