Топло и вкусно – одлична идеја за предјадење или оброк комбиниран со салата.
Компирите се една од оние намирници што речиси никому не може да му здосади, без разлика колку често се јаде.
Варен, печен, пржен, како главно јадење или како прилог, навистина нема крај кога се рецептите во прашање, а крокети од пире од компири го кажуваат токму тоа.
Потребно е:
– 3 парчиња сланина, пропржена и исечкани
– 2 јајца
– 500 гр пире од компири
– 50 гр рендано сирење по желба
– 2 лажици сечкан млад кромид
– 1 лазичка сечкан магдонос
– 1/2 лажичка лук во прав
– 120 гр презла
– масло за пржење
– бибер
Подготовка:
Во поголем сад измешајте го пирето со пропржената сланина, сирењето, младото кромидче, магдоносот и лукот во прав. Зачинете со сол и бибер.
Мешајте додека не се соединат сите состојки. Во посебни плитки чинии ставете ги јајцата и презлата. Направете мало топче од смесата од пире од компири. Фопмирајте со раце топчиња, па потопете го прво во јајцето, а потоа во презлата.
Повторете додека не се потроши целата смеса од пире од компири. Загрејте го маслото во тава. Пржете ги топчињата од компири во серии додека не поруменат од сите страни, две до три минути. Исцедете ги во чинија обложена со салфетки и веднаш зачинете со повеќе сол.