Кралицата Летиција присуствуваше на церемонијата на предавање на државното знаме на специјалните поморски сили
Кралицата Летиција повторно не маѓепса со својот моден избор и повторно не натера да се заљубиме во белиот фустан од тантела. Летиција го искомбинира својот заносен фустан со пар небесно сини потпетици и клач чанта, двете со потписот „магрит“.
Шпанската кралица Летиција присуствуваше на церемонијата на предавање на државното знаме на специјалните поморски сили на пристаништето Хуан Себастијан Елкано во Картагена, Шпанија.
По добивањето на Орден на честа, нејзиното височество кралицата Летиција ги поздрави војниците, а потоа го зазеде своето место на кралската трибина, од каде блесна во тесен, бел фустан од тантела, со средна должина.
Таа го одзема здивот со нејзината софистицираност и елеганција.
Фризурата на 49-годишната, косата собрана во софистицирана пунџа шињон, ги истакна нејзините „булгари“ обетки во форма на блескави капки.
Како и секогаш, кралицата Летиција беше на висина на задачата, со врвни модни избори.