Сирењето е особено корисно во зима, но не треба да го јадете секој ден, вели познатиот руски нутриционист диететичар Андреј Бобровски. Во интервју за радио станицата Спутник, тој истакна до кои болести може да доведе прекумерната употреба на оваа храна.
„Сирењето не е погодно за секојдневна употреба. Во преголеми количини може да доведе до развој на атеросклероза, хипертензија и други кардиоваскуларни заболувања, како и уролитијаза“, објасни Бобровски, диететичар, вонреден професор на Медицинскиот факултет во Санкт Петербург и автор на неколку книги за правилна исхрана.
Составот на многу видови сирење вклучува голема количина сол, што е и закана за организмот. Ако не сте подготвени да го исклучите сирењето од вашата секојдневна исхрана, треба да ја ограничите неговата потрошувачка на одредена граница.
„Горната граница на консумирање сирење без штети по здравјето е од 100 до 150 грама дневно. Во умерени количини сирењето е корисно, неговите протеини се „градежен материјал“ за нашиот организам и го зајакнуваат имунолошкиот систем“, посочува Бобровски.
„Сирењето е богато со комплетни протеини, аминокиселини, неговата сварливост е многу висока. Тоа е вреден извор на калциум и витамин Б. Во исто време, витаминот Б12 го прави особено корисен во зимските месеци. Б12 е еден вид претходник на хормонот на радоста и задоволството – серотонин. Во зима, кога се долги ноќи и кратки денови, во текот на јануари и февруари, овој витамин го нормализира ритамот на сонот и делува како средство за спречување на депресија, која е поврзана со недостаток на сончево денови“, заклучи рускиот експерт.