Чаша обична вода е најдобар пријател на вашето тело, а може да биде уште покорисна ако ги додадете зачините со лековитите својства подолу наведени. Ќе добиете супер здрав напиток за подобрување на варењето и чистење на организмот.
Овој корисен напиток можете да го направите и во шише со вода и да го носите со себе на работа и да го пиете во текот на денот. Исто така, ќе биде вкусно ако додадете два зачини истовремено – сок од лимон и цимет, каранфилче и листови од нане, сок од лимета и свежи краставици добро се комбинираат и сами пробајте други комбинации.
- Свежо исцеден сок од лимон или сок од грејпфрут
Лимонот и грејпфрутот се одлични извори на витамин Ц, многу важен антиоксиданс кој помага во неутрализирање на слободните радикали во телото. Тие се исто така добри средства за чистење на телото и го стимулираат варењето. Исцедете половина лимон или лимета во шише вода.
- Свежи листови нане
Растението нане можете да го одгледувате дома во текот на целата година во градината, на балконот, а ќе порасне и ако го чувате внатре, само ставете го до прозорецот за да добие доволно светлина. Нането, познато и како мента, ги активира плунковните жлезди и дигестивните ензими кои му помагаат на телото да ги апсорбира хранливите материи од храната. Поради своите смирувачки својства, помага при стомачни проблеми.
- Каранфилче
Освен што помага при проблеми со варењето, успешно се бори и со паразити кои можат да се најдат во човечкото тело.
Во вода ставете три до пет цели каранфилчиња и оставете ги да отстојат малку за да и се даде на водата арома. Кога пиете вода, можете да јадете каранфилче, само внимавајте бидејќи е доста зачинета.
- Корен од ѓумбир
Ѓумбирот со векови се користи како лек за варење, грчеви, гадење и гасови. Покрај тоа, ја подобрува циркулацијата и има антиинфламаторно и антивирусно дејство.
Ѓумбирот со големина на палец се сече на коцки и се додава во вода. Како и кај нането, кога пиете вода, можете да јадете ѓумбир, но внимавајте бидејќи е и многу ароматичен.
- Парчиња свежа краставица
Краставиците и даваат на водата убав свеж вкус, а бидејќи пливаат, можете да ги јадете додека пиете вода. Тие помагаат да се отстранат токсините од дигестивниот систем и го снабдуваат телото со вода. Не само што содржат антиоксиданси и влакна, туку и го зголемуваат производството на инсулин во панкреасот.
Парчињата свежа краставица исечкајте ги на квадрати за да можете лесно да ги јадете додека пиете вода.
- Цимет
Тој е одличен лек против габи и вируси и помага при варење. Ја забрзува циркулацијата, разградувањето на мастите за време на варењето и регулирањето на гликозата во крвта со забавување на времето потребно храната да оди од желудникот до тенкото црево. Ставете парче од стапче цимет во водата и оставете го да отстои малку за даја ароматизира водата.