Црниот дроб ги филтрира штетните материи од телото и затоа е потребно да се грижиме за неговото здравје.Кога се зборува за оштетување на црниот дроб или народски кажано џигерот, обично одма се помислува на алкохол,но истражување покажало дека многу поголема штета има од друг можеби и попопуларен пијалок.
За разлика од алкохолот,минимална старосна граница за конзумирање на засладените газирани пијалоци нема, а се работи за пијалоци кој према новите истражувања,предизвикуваат повеќе штета на црниот дроб.
Заклучокот го донеле здраствените стручни лица од Медицинскиот универзитет во Бостон а објавен е во часописот Clinical Gastroenterology and Hepatology.
Ова го базирале на дел од истражувањњата од 1948. во градот Фамингам во Масачусет, во склоп на таканаречените истражувања Framingham Heart Study, и тие отогаш го проучуваат влијанието на животниот стил (како што се пушење и исхрана) врз здравјето.
Во новообјавените научни заклучоци од 2002 се истакнува дека посматрале учесници со просечна старост од 63 и 48 години. Нешто малку повеќе од половина биле жени.
Испитаниците пријавувале колку често пијат засладени газирани пијалоци, а стручњаците проучувале колку е честа појавата на неалкохолнит стеатохепатитис,односно замастен џигер.
Неалкохолниот замастен џигер може да предизвика цироза,но може и други проблеми да се појават, како зголемување на црниот дроб,што предизвикува болки.
Неалкохолниот стеатохепатитис може да се спречи со исфрлање од употреба на засладените газирани пијалоци од исхраната.
Зачестена конзумација се смета се измеѓу, еднаш до повеќе пати дневно до еднаш или повеќе пати неделно.
-Луѓето кои повремено пијат засладени пијалоци, а тоа подразбира еднаш месечно или помалку од еденаш неделно, исто така имале нешто повеќе насобрано маснотии во џигерот од лугето кои воопшто не пијат такви пијалоци пишува, Eat This.