Снимена е како тажно шета низ улиците на Мајами.
Иванка Трамп (40) ја знаеме како ќерка на поранешниот американски претседател и мултимилионер Доналд Трамп, но многумина не знаат дека таа е и посветена сопруга и мајка.
Имено, Иванка е претприемач и поранешен политички советник, како и сопруга на Џаред Кушнер, претприемач, инвеститор и политички консултант, со кој има три деца. Семејството Трамп-Кушнер изгледа како олицетворение на американскиот сон – богат, успешен и убав. Но, изгледа дека во моментов животот не им е лесен, пишува story.hr.
Иванка е снимена како во солзи шета по улиците на Мајами, а сето тоа поради здравствената состојба на нејзиниот сопруг. Тој веќе подолго време се бори со малигнен тумор на тироидната жлезда. Иванка е снимена како зборува на телефон и истовремено плаче. Таа не можеше да ги сокрие солзите ниту под очилата за сонце, а папараците ја снимија нејзината тага.
Познато е дека пред неполна недела сопругот на Иванка беше подложен на тешка операција за отстранување на тумор. Иако семејството даде официјална изјава дека операцијата поминала добро, се чини дека Иванка како грижлива сопруга сепак е многу потресена од целата ситуација.
Иванка е снимена како во солзи шета по улиците на Мајами, а сето тоа поради здравствената состојба на нејзиниот сопруг. Тој веќе подолго време се бори со малигнен тумор на тироидната жлезда. Иванка е снимена како зборува на телефон и истовремено плаче. Таа не можеше да ги сокрие солзите ниту под очилата за сонце, а папараците ја снимија нејзината тага.
Џеред долго време криел од јавноста дека се бори со ракот, но всушност го добил додека работел во Белата куќа пред неколку години.
Инаку, Иванка и Џаред имаат три деца, а семејството живее на сончев имот на Флорида.