Многу од нас жените никогаш не го прават пилингот на кожата на главата. Што претставува пилингот, со кружни движења ја отстрануваме мртвата кожа од сите делови на телото и се радуваме на новата многу по мека кожа.Тоа е природен циклус и се одвива во текот на целиот живот, мртвите клетки се менуваат со нови.

Важно е да се грижите за косата на главата затоа што таа е основа на вашата коса битен фактор за нејзиниот раст.

Придобивки од пилингот :

Пилингот помага во чистењето на мртвата кожа, ѓи чисти порите и спречува повторно затварање.Сето ова помага во одржувањето на фоликулите на влакната во добра состојба,која помага во растот на косата, а освен тоа косата е посјајна и има по здрав изглед.

Оваа рутина би требало да се повторува на секој две недели како би ја одржале косата здрава.Во случај скалпот да ви е изразито масен,може процесот да се повторува еднаш седмично.

Исто како и кај ексфолизацијата постојат два начини на пилинг на темето – механички и хемијски.

Познатите козметички производители имаат пуштено во продажба скапи пилинзи, но практичните жени преферираат пилинзи подготвени во домашни услови бидејќи состојките се на природна база и резултатите се подобри.

Еве неколку рецепти за пилинг на скалп кој се најефикасни и се омилени кај дамите

1 Пилинг за детоксикација со сол

  • Една четвртина шоља морска сол
  • Една супена лажица јаболков оцет (може да се замени и со вода)
  • 2една супена лажица кокосово масло или некое друго природно масло
  • Една кафена лажица мед
  • Пет капки масло од чајно дрво или мента -се користи за мирис

Начин на подготовка

Додадете ги сите состојки во еден сад и добро измешајте ѓи. Потоа готовата смеса нанесете ја на скалпот и со нежни движења распоредете ја низ целата глава.Оставете го пилингот да одстои 5 до 10 минути потоа исплакнете со топла вода,и следно измијте ја со шампон и регенератор.

Солта ќе ви помогне темелно да го исчисти скалпот и притоа со помош на јаболковиот оцет ке се нормализира природното ниво на pH вредност.

2 Прочистувачки пилинг

  • Две супени лажици морска сол
  • Две супени лажици лимон
  • Две супени лажици маслиново масло

Начин на подготовка

Додадете ѓи сите состојќи во еден сад, измешајте.Нанесете го пшлингот на скалпот и истиот нежно масирајте го за да се подобри циркулацијата на крвта во овој предел.Исплакнете со топла вода а потоа со шампон и регенеатор.

Комбинацијата од морска сол и лимон,го прави овој пилинг моќно средство за ексфолијација,бидејки лимонската киселина е еден вид природен хемијски пилинг. Маслото ја потхранува косата со најважните витамини А и Е.

3 Потхранувачќи шеќерен пилинг

  • Три супени лажици од вашиот омилен реѓенератор
  • Една супена лажица шеќер
  • Една супена лажица мед
  • Една супена лажица маслиново масло
  • Една супена лажица кокосово масло

Начин на подготовка

Сите состојки заедно се мешат во еден сад. Смесата се нанесува на скалпот притоа покривајќи ја цела коса од коренот до врвот.Косата се покрива со ќеса и се остава да одстои 30 минути. Потоа измијте ја со шампон.

Овој рецепт е комбинација на маска за коса и пилинг воедно. Маслата од кокос и маслиновото содржат бројни масни киселини, витамини и антиоксиданси. Тие помагаат во зајакнување на фоликулите на косата ,а медот ја навлажнува. Овој пилинг е одличен за дамите со чувствителен скалп.

By Author