Раперот Диди неодамна изјави дека на својот колега Стинг плаќа голема сума на ден, за делот од песната што ја искористил на својот хит „Ќе ми недостигаш“. Имено, тој користел делови од песната „Every breathe you take“, голем хит на групата Police од 1983 година, без претходно да побара дозвола.
Диди ја потврди оваа вест на својот Твитер профил, поправајќи ги наводите дека плаќа помала сума на пари – 2.000 долари.
– Не, 5.000 долари на ден. Го сакам мојот брат Стинг, ја поправи оваа информација раперот на својот Твитер профил.
Тој исто така забележува дека меѓу двајцата нема лоша крв и дека тие се „многу добри пријатели сега“, додавајќи – „тоа беше прекрасна верзија на таа песна“.
Според Variety, голем процент од тие 5.000 долари дневно најверојатно ќе одат за Universal Music Publishing, која ја купи песната минатата година, заедно со голем дел од каталогот на Стинг, во зделка за која се вели дека вреди 350 милиони долари. Сепак, иако условите на договорот не се обелоденети, се чини дека Стинг задржал барем некои од песните и значителен издавачки удел во каталогот.