Европол ја координираше акцијата за разбивање на криминална група која продаваше лажни криптовалути низ Европа преку кол центри во Србија. Само во Германија измамиле луѓе за повеќе од два милиони евра, а се сомневаат дека нивната незаконска заработувачка била неколку стотици милиони евра. Во Србија се уапсени 14 лица.
Европол објави соопштение за голема акција која била спроведена пред се во Србија, но и во Бугарија и Кипар, а на мета биле кол центрите преку кои се продаваа лажни криптовалути. Мета на измамниците биле, пред се, жртвите од Германија, кои „инвестирале“ повеќе од два милиони евра во лажни криптовалути.
Акцијата била спроведена во соработка со полицијата и обвинителствата на Србија, Германија, Кипар и Бугарија, со поддршка на Европол и Европравда против организираните криминални групи вклучени во онлајн измами кои вклучуваат инвестиции во криптовалути. Оваа криминална мрежа, според соопштението на Европол, кое се состоеше од голем број криминалци кои оперираа користејќи кол центри, ги намами жртвите да инвестираат големи суми пари во лажни криптовалути. Европол собра работна група за поддршка на оваа прекугранична истрага, се вели во соопштението.
Во Србија се уапсени 14 лица, а во Германија едно лице. Сослушани се 261 лице, од кои некои ќе чекаат судење (42 лица во Бугарија, 2 во Кипар, 3 во Германија и 214 во Србија).
Полицијата извршила претрес на 22 локации, од кои 5 во Бугарија, 2 на Кипар и 15 во Србија. Во Србија полицијата упаднала и во четири кол центри.
Во полициската акција запленети се три хард дискови на кои имало виртуелни паричници во кои се запленети околу еден милион долари криптовалути и околу 50.000 евра готовина. Одземени се три возила, електронска опрема, хард дискови и документи.
Осомничените користеле реклами на социјалните мрежи за да ги намамат жртвите на страници управувани од криминалци кои нудат навидум исклучителни можности за инвестирање во криптовалути. Жртвите, претежно од Германија, прво инвестирале мали суми пари, обично трицифрени суми. Им покажале лажна добивка, а потоа измамниците ја убедиле жртвата да вложи уште повеќе пари. Се проценува дека штетата на германските државјани е околу два милиони евра. Измамниците нашле жртви и во Швајцарија, Австралија и Канада.
Се претпоставува дека бројот на жртвите е многу поголем. Тоа значи дека пленот на измамниците може да биде многу поголем и да достигне сума од стотици милиони евра, се вели во соопштението на Европол.