Прогноза за 08.11.2023

Облачно, почнувајќи од северозападните и северните делови со повремени врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат над 20 л/м2. Претпладне ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне и кон крајот на денот засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

минималните утрински температури ќе се движат од 4 °C до 11 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 9 °C до 21 °C.

Во Скопје облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено пообилни. Попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author