Прогноза за 19.11.2023

Сончево и студено со мала, а во источните делови со умерена локална облачност. Претпладне ќе дува засилен северен ветер, кој во попладневните часови ќе слабее, а најдолго ќе се задржи долж Повардарието.

Утринските минимални температури ќе се движат од -5 °C до -7 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 6 °C до 13 °C

Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер, особено претпладне.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author