Прогноза за 15.10.2023

Утрото свежо, преку денот сончево и релативно топло, а кон крајот на денот во северните и западните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен правец, особено изразен во западните делови. Во текот на ноќта ќе почне да дува засилен северен ветер, облачноста ќе се зголеми и ќе има локални врнежи од дожд.

Минималните утрински температури ќе се движат од 4 °C до 10 °C, додека максималните дневни ќе бидат во распон од 20 °C до 30 °C.

Во Скопје сончево и топло, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и ќе почне да дува засилен северен ветер.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author