Прогноза за 03.06.2023
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, од пладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 8 °C до 15 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 17 °C до 29 °C.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.