Прогноза за 01.06.2023
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 9 °C до 15 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 18 °C до 28 °C.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.
Соопштуваат од Управата за Хидрометеоролошки работи на Македонија.