Прогноза за 31.05.2023
Променливо облачно, од пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер, поинтензивни електрични празнења и изолирана појава на град.
Минималните температури ќе се движат од 7 °C до 14 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 17 °C до 26 °C
Во Скопје претпладне умерено облачно, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Ќе има услови за краткотрајно невреме.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.