Прогноза за 28.05.2023

Претпладне сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени.

Минималните температури ќе се движат од 8 °C до 16 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 18 °C до 28 °C.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Претпладне променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. T= 25 °C, P= 978 hPa, U= 55 %, V= 5 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)

Соопштуваат од Управата за хидрометоролошки работи на Македонија.

By Author