Прогноза за 12.05.2023

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните утрински температури ќе се движат од 6 °C до 12 °C, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 9 °C до 18 °C.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author