Прогноза за 17.01.2023
Променливо облачно и ветровито време. Особено во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд, кои на северозапад ќе бидат пообилни (над 25 л/м2). Снег ќе има само на повисоките врвови. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.
Минималните температури ќе се движат од 1 °C до 8 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 4 °C до 14 °C.
Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.