Прогноза за 28.07.2022
Променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. УВ=7
Минималните температури ќе се движат од 13 °C до 22 °C, додека максималните температури ќе се движат во интервал од 24 °C до 36 °C.
Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.