Прогноза за 27.07.2022

Претпладне сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. УВ=9

Минималните температури ќе се движат од 13 °C до 20 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 29 °C до 39 °C.

Соопштуваат од управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author