Прогноза за 24.07.2022

Сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во јужните делови од јужен, а во северните делови од северен правец. Кон крајот на денот северниот ветер долж Повардарието ќе засилува и ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ=9

Минималните температури ќе се движат од 13 °C до 22 °C, додека максималните ќе бидат во интервал од 32 °C до 42 °C.

Соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македонија.

By Author