Дигестивните проблеми се појавуваат кај многумина при патување.
Многу луѓе на пат страдаат од дијареа или запек, но ретко кој знае што точно ги предизвикало овие појави, кога продолжиле со нормална исхрана и однесување.
Според диететичарот и директор на клиниката за здравје на дебелото црево, Џо Канингем, постојат голем број причини за тоа. Таа смета дека голем број луѓе грешат кога патуваат со тоа што не јадат свежа храна со доволно влакна и не пијат доволно течности.
– Многу намирници кои ги јадеме во движење содржат повеќе калории, масти и натриум, а сето тоа може да го забави варењето – вели диететичарот Аманда Сауседа
– Друга причина може да биде тоа што сме во друга временска зона, па нашето тело не се усогласило со новоформираните обрасци. Третата можност е дека ние сме суштества од навика. Понекогаш нашите црева можат да станат „срамежливи“ во нови средини како што се новите тоалети – додаде д-р Канингам.
Нутриционистите истакнуваат дека стресот може да влијае и на цревата, што предизвикува и дигестивни проблеми. Затоа, на пример, некои луѓе чувствуваат потреба од тоалет веднаш штом се качат во авион. Неможноста да се движи телото додека патувате може да влијае и на варењето.
Експертите советуваат утрото на денот на патувањето да го започнете со чаша вода со лимон, а потоа обилно да појадувате.
– Навистина лесно е да заборавите да пиете доволно вода кога сте во движење, но тоа може лошо да влијае на вашиот дигестивен систем – смета Канингам.
Дополнително, диететичарот Сара Гринфилд ве советува да пиете пијалок за имунитет за да го зајакнете имунолошкиот систем кога патувате, кога доаѓате во контакт со многу луѓе или кога одите во област каде што преовладува различна клима и природни услови.
Таа ве советува и да земате неколку препарати, како мултивитамин, пробиотик и витамин Д. Споменатите додатоци во исхраната се поврзани со намалување на надуеноста и одржување на правилното варење.
„Не можете секогаш да контролирате до која храна имате пристап откако ќе одите на патување, но барем можете да контролирате што јадете дома пред да одите“, додаде таа.
Сепак, има и намирници кои треба да ги избегнувате при патување, но и неколку дена пред тоа.
Д-р Гринфилд го сподели своето искуство, велејќи дека избегнува газирани пијалоци или храна богата со шеќер бидејќи тоа ја прави да се чувствува подуено. Таа исто така избегнува храна како брокула и карфиол бидејќи тие можат да ги отежнат цревата.
За време на патувањето јадете нешто богато со растителни влакна и здрави масти, како јаткасти плодови или банани. Д-р Волгемут, на пример, сака да пие кокосова вода ако е достапна затоа што е богата со калиум.
– Овој електролит помага да се стимулираат изокинетичките контракции во целиот дигестивен тракт – објасни таа.
За ручек, Волгемут советува храна која содржи протеини и јаглени хидрати. Неопходно е да се јаде храна богата со растителни влакна, особено зеленчук. За да избегнете надуеност, јадете храна која не содржи натриум во големи количини.
Во некои земји, најдобро би било да се придржувате до флаширана вода, како во исхраната, така и кога ги миете забите. Експертите исто така ве советуваат да не купувате улична, брза храна, особено ако не знаете што точно влегува во неа.