Обвинети беа 19 Узбекистанци и двајца Индијци, меѓу кои и поранешни високи владини функционери кои беа задолжени за лиценцирање на увезени лекови.
Пред узбекистанскиот суд денеска официјално започна судењето за случајот со смртта на 65 деца минатата година поврзана со контаминирани сирупи за кашлица.
Ова е првпат јавно да се споменува бројот на починати деца, а како што пренесува Ројтерс, властите во таа земја претходно пријавиле само 20 смртни случаи поврзани со лекот за кашлица што го произведува индиската компанија Марион Биотек.
Обвинети се 19 Узбеци и двајца Индијци, меѓу кои и поранешни високи владини функционери кои беа задолжени за лиценцирање увезени лекови, како и менаџери на приватна компанија што ги увезуваше и дистрибуираше, се вели во соопштението на Врховниот суд на Узбекистан.
Обвиненијата вклучуваат даночно затајување, продажба на фалсификувани и супстандардни лекови, злоупотреба на службената положба, небрежност, фалсификување и поткуп.
Индиското регулаторно тело и ја одзеде лиценцата за производство на Марион Биотек, која извезуваше сирупи во Узбекистан, а одредени вработени во таа компанија беа уапсени.