Сингапурската полиција уапси 10 странци за наводно перење и фалсификување пари во вредност од над 700 милиони долари.

Уапсените инвестирале такви пари во возила, банкарски сметки, готовина, луксузни чанти, накит, часовници и електронски уреди, објави Ројтерс.

Полицијата соопшти дека во вторникот извршила симултани рации низ градот-држава за да ги изведат осомничените пред лицето на правдата.

Уапсените странци се на возраст меѓу 31 и 44 години и потекнуваат од Кина, Турција, Кипар, Камбоџа и островот Вануату.

Во посебна изјава, централната банка на Сингапур рече дека е „во контакт со финансиски институции каде што се идентификувани потенцијално проблематични средства“.

By Author