Морате да пробате

Потребни состојки:

-200 грама смоки

-150 грама кикирики

-100грама солени кекси

-200 грама маргарин

Декорација:

-печен сусам

-мелени кикирики

-мелени смоки

Подготовка

Смоките ги мелеме,но може и да се издробат. Кексите и сосолените печени кикирики се мелат.

Истурете ги мелените смоки во сад за матење. Додадете мелени кекси и кикиритки и измешајте сè.

Во смесата од смоки и кикирики се додава растопениот маргарин. Убаво соединете ја смесата.

Со лажица вадете мала количина од смесата и со раце правете ги топчињата.

Топчињата ѓи валкаме по желба во мелени кикирики, печен сусам или мелени смоки

By Author