Претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио, кој беше убиен во средата на предизборен митинг во Еквадор, пред убиството предупреди дека земјата е под контрола на мексиканските картели и албанската мафија.
Полицијата вчера соопшти дека шестмината уапсени за вмешаност во убиството на еквадорски политичар се колумбиски државјани, како и убиецот, кој им подлегнал на повредите по размена на оган со органите на редот. Останатите осомничени се приведени.
Пред да биде убиен, Виљависенсио им ветил на толпата дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ги затвори крадците во земјата. Познат како борец против корупцијата, тој за време на кампањата предупредуваше и на албанската мафија. Тој тврдеше дека Еквадор станал „нарко-држава“ и повика на борба против „политичката мафија“.
– Денеска Еквадор е под контрола на картелот од новата генерација Халиско и картелот Синалоа, двајцата од Мексико, како и албанската мафија – рече тој во мај.
Во март годинава албанскиот „Јуронујз“ напиша дека врските на еквадорскиот претседател Гиљермо Ласа може да доведат до негово соборување. Медиумите пишуваа и за корупциски и криминални афери во кои наводно бил вмешан зетот на Ласо, Данило Карера, познат како „Големиот кум“. Кареро е обвинет за силни врски со албанските мафијашки кланови. Еквадорските медиуми објавија дека овие групи ја финансирале претседателската кампања на Ласо во 2021 година со 1,5 милиони долари.
Во истрагата за корупција и трговија со дрога во која се вмешани луѓе блиски до Ласо и албанската мафија, се појави името на министерот за земјоделство Бернардо Манзано, кој поднесе оставка. По убиството на Вилвасенсио, американската невладина организација Human Rights Defender предупреди на две големи банди „Конерос“ и „Лобос“, исто така поврзани со албански нарко дилери.