Началникот на округот Мауи на Хаваи Ричард Бисен денеска изјави дека е потврдено дека шумскиот пожар досега однел шест животи. Пожарот уништи поголем дел од Лахаина, туристички и деловен центар во кој живеат околу 13.000 луѓе, а стотици семејства се раселени.

Официјалните служби сè уште вршат операции за пребарување и спасување, вели Бисен, предупредувајќи дека бројот на жртви може да се зголеми, пренесува Би-Би-Си.

Според него, досега се извршени 13 евакуации од три области кои биле на патеката на огнената стихија на овој остров, затворени се 16 патишта, отворени се пет прифатилишта за евакуирани, а најмалку 2.628 домаќинства останале без струја.

Шумските пожари на Хаваите поттикнати од ураганот Дора изгореа повеќе згради, што доведе до евакуација и затворање на училиштата.

Во округот Мауи, 12 лица се спасени откако скокнале во океанот за да избегаат од чадот и пожарот, пренесува АП. Крајбрежната стража ги транспортирала во безбедно подрачје, соопштија локалните власти.

https://twitter.com/CBKNEWS121/status/1689433303017754624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1689433303017754624%7Ctwgr%5Ea3d4624573a70119224e1e3ca7c3593682e4f02a%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fvesti%2Fsvet%2Fvideo-pakao-na-rajskom-ostrvu-pozar-sravnio-grad-na-havajima-sa-zemljom-ljudi-se-bacali-u-okean-da-spasu-zivu-glavu%2F

Противпожарните екипи се борат со повеќе пожари концентрирани во две области: популарната туристичка дестинација Западен Мауи и планинскиот регион во внатрешноста.

Од утрово околу 14.000 домаќинства на Мауи се без струја.

„Дора“ е моќен ураган од четврта категорија со постојан ветер од околу 200 километри на час.

Хаваите претходно беа зафатени од голем пожар во 2021 година, како резултат на кој изгореа голем број куќи, а илјадници луѓе беа евакуирани.

By Author