Денес се навршуват 30 години од смрта наМеркјури, големата рок икона и фронтменот на групата “Queen”. Како почит на неговиот лик и дело на 27 ноември ќе биде објавен документарниот филм “Freddie Mercury: The Final Act” кој сведочи за последните денови на пеачот.

Меркјури со својот необичен и силен музички израз го обележа 20. век, а неговите песни кои ѓи сними со групата “Queen” и ден денес се живи и популарни.

Како што е најавено, во документарниот филм, пријателите на Фреди ќе откријат за јавноста како изгледале последните денови на музичката легенда, фокусот е ставен на Меркуревиот последен настап,но и концертот кој што е направен во негова чест на 20 април 1992 година.

Иако се декларираше како хомосексуалец, љубов на неговиот живот била жена Мери Остин со која бил во врска шес години,а еден период биле и верени.

https://youtu.be/mEgOuTnHJHk

Во 1985 година ја почнува врската со партнерот Џим Хортон со кој останува до крајот на животот.Према тврдењата на Хортон ја добил дијагнозата АИДС набрзо после велигден 1987 година, а на 24 ноември 1991 умрел од последици од воспаление на плуќата предизвикани од оваа тешка болест.

После смрта телото на Фреди Меркури според неговата желба е кремирано, никогаш не е откриено каде се наоѓа неговата урна со пепел. Единствен кој што ја знае оваа тајна е неговата порашна вереница Мери Остин која што 30 години ја чува тајната.

By Author