Учесниците на светското првенство во фудбал 2022 во Катар сеуште не се комплетирани. Репрезентациите кои што беа први во групите директно се пласираа,вторите треба да играат бараж натпревари. Помеѓу тие репрезентации е и нашата, но тука се најдоа и многу помоќни репрезентации кои мислеа дека лесно ќе стигнат на светското.

Италија, која го има еден од најдобрите голмани,во светот во моментов, не успеа директно да се пласира. На патот кон Катар актуелниот европски првак е нашиот прв противник во бараж натпреварите, Италијанците имаат веке едно непријатно искуство со Македонската репрезентација.

Доколку победиме во првиот натпревар за место на мундијалот ќе се соочиме со подобриот од натпреварот помеѓу Португалија и Турција.

На патот кон Катар португалската репрезентација беше запрена од нашите соседи. По натпреварот српските репрезентативци ги тешеа португалците дека сеуште постои шанса ,тука е баражот,со предупредување да не им се погоди Македонија. Балканците никогаш не треба да не потценуваат,тие имаат скапи играчи ,а ние играчи со срца.

Ете не денес извлекување за бараж,а ние ги добивме најдобрите од најдобрите.

Срекно момци вие со лавовски срца за Македонија во Катар.

By Author