Со намалувањена нивната популација и градење култура за вдомување, преку подигнување на свеста за одговорно сопствеништво и низа кампањи, успешно ја остваруваме нашата мисија, велат од Лајка.

Информираат дека од почетокот на отварањето до денеска според статистиката имаат 399 – Заловени кучиња, 223- вратени на локација, 184 – стерилизации, 160 – кастрирани, 74 – вдомени, 20- вратени на сопствениците, 3 – еутанизирани, 2 – угинати.

Додаваат дека кучињата се заловени по пријави на граѓани, по Акциски план на ЈП Лајка и по пријави од Агенцијата за храна и ветеринарство.

„Особено сум горда што за прв пат успеавме да изградиме искрена приказна за бездомните кучиња, целосно ослободена од товар и притисоци. Формиравме претпријатие кое има душа и вработени кои несебично се посветени на кучињата. Да имате можност да помагате е привилегија, а особена чест е тоа да го правите во служба на своите сограѓани и бездомните кучиња. Ги подигнавме стандардите и отидовме чекор понатаму во креирање на целосна стратегија за надминување на овој долгогодишен проблем за скопјани, како и успешна имплементација на бројни стандардно оперативни процедури“ , вели директорката Тина Петрушевска.

Истакна дека во иднина очекува да бидат појдовна мисла кај секој еден граѓанин, кој ќе најде куче на кое му е потребна помош.

-Во иднина ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и заедно да го решиме проблемот со бездомните кучиња, а сликите на искасани и нападнати граѓани да бидат минато, стои во соопштението од Лајка.

By Admin