Приватен авион, параглајдерист или летало на НАТО – се уште не е јасно што се случи над Македонското небо и дали се работи за несреќен случај или само губење на комуникација со Македонската контрола на летање.

Според една верзија, некакво летало попладнево околу 17.40 изгубил контакт со македонската контрола на летање.

Втората верзија е дека се работи за летало на НАТО, а просторот во моментов го обезбедуваат силни полициски сили како што може да се забележи и од фотографијата од терен.

МВР се уште не ја демантира, ниту ја потврдува информацијата. Од ПП Скопје велат дека добиле насока од полицијата да бидат на приправност.

И во двете верзии, очевидци од селото велат дека виделе бело летало во многу низок лет, а веднаш потоа и татнеж, но не се сигурни за изворот на експлозијата.

Од контрола за летање за Инфомакс велат дека според нивните податоци, сите закажани слетувањеа и полетувања се редовни и без проблеми, но и дека немаат забележано некаков инцидент.

Според информациите на Инфомакс од МВР, потрагата е завршена, а не било најдено никаква индикација за срушено летало.

Во моментов откажана е секаква потрага поради лошото време и ноќта.

извор – инфомакс

By Author