Моќта на социјалните мрежи!
На секои неколку години на пазарот се појавува парфем по кој луѓето лудуваат, овојпат може да му се заблагодари за популарноста на социјалните мрежи.
Имено, благодарение на TikTok, парфемот „Исчезната личност“ на брендот Phlur стана толку популарен што на листата на чекање има околу 100 илјади луѓе, пишува Bustle.
Очигледно овој парфем мириса исто како личноста која ни недостасува.
Бројни инфлуенсери на TikTok веќе ги споделија своите искуства со овој мирис, па не е ни чудо што тој беше распродаден додека трепнеш, а илјадници луѓе сега сакаат да пробаат мирис кој буди спомени.
Горните ноти се воздушест мошус, јасмин и нектар од бергамот, а овие неверојатни мириси се создаваат само во контакт со кожата.
Она што е неверојатно е што сите оние кои го пробале „Missing Person“ тврдат дека навистина мирисале на саканата личност, и дека веднаш ги обземало чувството на недостаток.