Пролетта 2022 година започнува денес, 20 март, во 16 часот и 33 минути и ќе трае до 21 јуни или 92 дена, 17 часа и 40 минути.

Зимата и официјално ѓи брои своите последни часови, пролета денес службено ни доаѓа за многумина пролетта значи будење, создавање и раѓање на нешто ново. Да го разбудиме човечкото во нас, да се сакаме …..

Пролетта започнува кога Сонцето, во своето годишно движење, го преминува екваторот и се движи кон север.

На тој ден Сонцето изгрева точно на исток (5.42) и заоѓа на запад (17.50). На денот на пролетната рамноденица, денот и ноќта траат 12 часа.

Датумите на почетокот на годишните времиња се разликуваат од година во година поради несовршеноста на календарот и елиптичноста на орбитата на Земјата околу Сонцето.

Пролетта е едно од годишните времиња, кое според конвенцијата на северната хемисфера трае дел од март, цел април, мај и дел од јуни, а на јужната хемисфера дел од септември, цел октомври, ноември и дел од декември.

By Author