Со вистинскиот трик ќе добиете виткана коса додека да трепнете.

Како да направите кадрици.

Професионалната фризерка Марија Ајело на својот Инстаграм откри како до виткана коса во неколку едноставни чекори. Нејзиното видео во кое покажува како се прават локни има повеќе од 470.000 лајкови, а многумина се воодушевени од нејзиниот паметен трик.

Првото нешто што треба да направите за да добиете кадрава коса е да ја поделите косата на два дела. Потоа треба нежно да го извртувате со прстите. Потоа потребно е да го завиткате околу пеглата или фигарото за коса од дното нагоре и во правец од лицето. За само неколку минути вашата коса ќе добие прекрасни локни достојни за црвениот тепих.

Марија на крајот од видеото го покажа и конечниот резултат од своите локни.

By Author