Бродот на грчката крајбрежна стража испука предупредувачки истрели кон турски рибарски брод за време на конфликтот во грчките води во близина на островот Хиос во источниот дел на Егејското Море, јавува денеска Асошиетед прес.
Министерството за поморство соопшти дека турскиот брод одбил да ги напушти грчките води и дека се обидел да го нападне грчкиот патролен брод пред да биде испукан истрелот.
Никој не беше повреден во инцидентот, кој се случи во услови на обновени тензии меѓу Грција и Турција поради долготрајниот спор за поморските граници.
Спорот доведе до тензичен поморски конфликт меѓу две членки на НАТО во источниот Медитеран во 2020 година, пред двете страни да се согласат да ги обноват директните дипломатски контакти под притисок на сојузничките влади, вклучително и Германија.
Дипломатите од Грција и Турција се состанаа во Атина претходно оваа недела.