Рускиот претседател Владимир Путин во раните утрински часови најави почеток на „специјални воени операции“ во Донбас, по што руската армија нападна цели во Украина.

„Започна нападот врз воените единици“
Украинскиот министер за одбрана изјави дека Русија започнала интензивно гранатирање на украинските воени единици на исток, како и на други центри и аеродроми со кои управува армијата на земјата.

Во тек е пукање на границата. Од денес во светот постои нова геополитичка реалност.

Според бројните извештаи на светските медиуми и граѓаните на Украина, во главниот град на таа земја се огласуваат сирени. Има индиции дека е гранатиран аеродромот во близина на Киев, каде што се наоѓаат украински борбени авиони.

Новинар на „Гардијан“, кој се наоѓа во Киев, наведува дека експлозии се слушаат низ целата земја, вклучувајќи ги градовите Киев, Карков, Мариупол, Днепар, Одеса, Славјанск и Краматорск.

Откако се огласија сирените, голем број граѓани почнаа брзо да го напуштаат главниот град на Украина, јавуваат светските медиуми.

By Author