По неколкумесечно истражување, тим кинески научници ги објави резултатите од студијата за ефектите на алкохолните пијалоци врз корона вирусот. Накратко, науката потврди дека виното го намалува ризикот од инфекција, додека пивото го зголемува.

Според добиените резултати од истражувањето, утврдено е дека една до четири чаши бело, црвено или пенливо вино неделно го намалуваат ризикот од Ковид за седум до десет проценти. Доколку пиете почесто и повеќе, придобивките од виното во борбата против инфекцијата се намалуваат.

Истражувањето нема да им се допадне на пивопијците и љубителите на жестоките пијалоци.

– Конзумирањето пиво и други жестоки пијалоци го зголемија ризикот од инфекција без разлика на количината и честотата на употреба на алкохол – се вели во истражувањето.

By Author