Се чинеше дека 44. издание на релито Дакар ќе помине без лоши вести, но последниот ден се случи голема трагедија.

Квентин Лавале, 20-годишен механичар од Франција, го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на последната етапа на една од најпознатите трки во светот.

Лавале, заедно со Белгиецот Максим Фре, биле во возилото за поддршка кога дошло до судир со локален камион.

Во таа прилика животот го загуби младиот Французин, додека Фре со тешки повреди е префрлен во болница.

Оваа информација ја потврди и самото рели Дакар:

Околу 11:30 часот на релација за помошни возила дошло до сообраќајна незгода во која учествувале помошно возило, како и локален камион, потврдија од локалните полициски власти.Возачот на возилото на екипата на ПХ Спорт, Квентин Лавале во таа незгода загинал. Тој имал 20 години. Неговиот придружник Максим Фрер бил пренесен во болница во Џеда со повреди.

„Квентин беше главен механичар и во оваа прилика Дакар сака да ја изрази својата тага и сочувство до семејството на Квентин, како и до сите оние кои го посакуваа“, се вели во соопштението на Дакар.


By Author