Нашите мисли директно влијаат на нашето расположение, затоа е важно да го контролираме размислувањето и по потреба да го промениме својот внатрешен монолог.
Така ќе бидете во прилика да уживате во поубавата страна на животот, а реалните, вистински или имагинарни проблеми понекогаш оставете ѓи настрана.
Ве советуваме да ѓи пратите следните четири чекори, ако сакате да се решите од своите негативни мисли и да почнете позитивно да размислувате.
Запишувајте ѓи своите мисли
Дури и да не сте личност која сака да пишува дневник, ви препорачуваме барем две недели да ѓи запишувате своите најинтимни мисли, а покасно со ладна глава да го анализирате тоа што сте го напишале. На тој начин ќе можете да препознаете кога и зошто ве обземаат негативни мисли и ќе успеете да ја пронајдете причината за својата негативност.
Кога тоа ќе ви појде од рака, многу полесно ќе ви биде да го корегирате своето понашање и размислување, со тоа ќе направите голем чекор за подобрување на вашата психичка благодостојба.
Треба да се напомене дека овој метод функционира само доколку сте потполно искрени кога ќи бележите своите мисли и не се цензурирате самите себе.
Внимателно бирајте ѓи зборовите
Може да се ослободите од негативните мисли и ако обратите внимание на вокабуларот на својот внатрешен монолог и донесете одлука некои зборови да ѓи исфрлите од употрба.
Потребата, на пример дa ја ограничите употребата на зборовите “секогаш” “морам” или “никогаш”. Овие зборови ве парализираат и ја смалуваат мотивацијата за работа, затоа што не оставаат простор да бидете ништо помалку од совршени, што не е баш охрабрувачки.
Ако на пример реченицата” морам да вежбам во новата година” во својот внатрешен монолог ја преформулирате во“би можел да вежбам во новата година” автоматски ќе го тргнете притисокот од себе, поради уште една обврска во вашиот живот и ќе ја зголемите својата шанса за да ја исполните својата цел.
Гледајте ѓи работите од убавата страна
Сега кога ѓи препознавте негативните мисли и внесовте одредени промени во вашето размислување, вистинско време е вашите негативни мисли да ѓи трансформирате во позитивни. Може тоа ви звучи невозможно но со малку вежба успева. Со помош на оваа метода реченицата “пак направив грешка, затоа што не знам подобро” може да стане “згрешив но, знам и можам подобро”.
Како што гледате ни првата ни втората реченица не негираат дека имате направено грешка но во втората има простор за напредок во иднина, додека првата ве води во маѓепсан круг на самоуништување и губење на самодовербата.
Пишувајте секој ден за што сте благодарни во својот живот
Колку и да имате лош ден пробајте на крајот од истиот да се сетите на убавите моменти што ви се случиле и запишете ѓи во својот дневник на благодарност. Кога тоа ќе ви стане навика, ќе почнете на својот живот да гледате со друѓи очи, и вашата чаша повеќе нема да биде полу празна туку полу полна .
Вашиот модел на размислување ќе се промени со текот на времето и ќе почнете се повеќе да размислувате за позитивни работи, а помалку за негативните.