Одамна е познато дека грозјето содржи антиоксиданси наречени полифеноли. Станува збор за органски соединенија кои се природно присутни во растенијата, а кои ѓи одржуваат крвните садови здрави и флексибилни за добра циркулација.
Полифенолите и другите “фитохемикалии” исто така можат да помогнат во контрола на нивото на шекер во крвта и крвниот притисок, како и да го намалат хроничното воспаление, уште еден фактор за ризик за срцеви заболувања.
Конзумирањето на грозје го смалува нивото на холесерол, што може да помогне во спречување на срцеви и мозочни удари, покажуваат новите истражувања.
Новата студија беше предводена од Жаопинг Ли нутриционист и професор по медицина на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анѓелес а беше објавена во списанието”Nutrients“
Тие открија дека грозјето има благотворно дејство на бактериите во цревата, што е одлична вест, затоа што здравита црева се клуч за добро здравје.
Научниците во Калифорнија на учесниците во студијата им давале по 46 грама грозје во прав дневно во текот на четири недели, што е еднакво на две порции грозје.
Конзумирањето на грозјето значително ја зголемило разноврсноста на бактериите во цревата, што се смета за неопходно за силен имунолошки систем, открија експертите.
Покрај тоа конзумирањето на ова овошје го намалува нивото на холестерол во крвта, кој може да ќи запуши артериите и да доведе до срцеви заболувања.Утврдено е дека потрошувачката на грозје го намалува нивото на жолчни киселини, кои играат важна улога во метаболизмот или преработката на холестеролот.
За оваа студија научниците анализирале трилиони микроорганизми на учесниците , на основа на нивната столица.
По четири неделно конзумирање на грозје , забележано е зголемување на микробната разноврсност мерена со индексот на Шенон, вообичаена алатка за мерење на разновиднос на видовите.
Меќу корисните бактерии кои се зголемиле е и Аккермансија бактериа позната по своите корисни ефекти врз метаболизмот на гликозата и липидите.
Дополнително забележано е намалување на холестеролот во крвта, вклучувајќи го вкупниот холестерол за 6,1% и LDL(липопротеини со мала густина) холестерол за 5,9%.
Откриле дека жолчните киселини-кои се поврзани сометаболизмот на холестеролот се намалени за 40,9 проценти.
Наодите укажуваат на ветувачка улога на грозјето во здравјето, според тимот на научници од студијата.