Топла вода и мед можат да го намалат заморот и да ја зголемат виталноста на организмот. Оваа комбинација е идеална за секој што сака да ја зголеми својата физичка издржливост и нивото на енергија.

Не треба да зборуваме многу за вода и колку е важно да пиеме доволно течности. Медот, од друга страна, е полн со хранливи материи, антиоксиданти и други лековити својства и носи бројни здравствени придобивки за кои многумина не се свесни. Со комбинирање овие две моќни супстанции, можеме да го подобриме нашето здравје, но и да спречиме појава на болести.

Се препорачува вистински, непреработен мед, бидејќи содржи повеќе фитонутриенти, антиоксиданси и ензими, така што неговите придобивки ќе имаат ефект.

Подуеноста на стомакот ќе се намали

Ако имате проблеми со надуеност и гасови, шолја од овој пијалок ќе ги неутрализира гасовите во цревата.

Имунолошкиот систем ќе стане посилен

Медот е богат со антиоксиданти и содржи антибактериски својства кои помагаат во зајакнување на имунитетот. Ќе бидете поотпорни на инфекции предизвикани од микроорганизми како што се бактерии, габи и бројни вируси.

Токсините ќе исчезнат од телото

Медот и водата се добитна комбинација за да се ослободите од сите штетни натрупани работи во организмот. Ќе се збогувате со отрови, и ќе и кажете добредојде на детоксикација. За подобри резултати, само додадете неколку капки лимон.

Кожата ќе стане поубава

Медот е природен антиоксиданс кој ја обновува и ја храни кожата. Така лицето ќе ви стане почисто, помеко и поубаво. Благодарение на дејството на витамин Е што го содржи, медот ги спречува штетните ефекти на слободните радикали и има заштитна антиоксидативна улога. Покрај тоа, медот и дава сјај на кожата, еластичност и поголема компактност.

Килограмите ќе се стопат побрзо

Да, шеќерот е присутен во медот, но тој е тотално различен од белиот шеќер. Овој природен шеќер ќе ви помогне да ја смирите желбата за колачи. Медот, создавајќи термоген ефект – го забрзува метаболизмот. Ова значи дека ја подобрува циркулацијата, преку зголемување на температурата на вашето тело, помагајќи да согорувате маснотии без многу напор.

Болките во грло повеќе нема да ве вознемируваат

Постои причина зошто во зимските периоди се препорчува чајот да се пие со мед затоа што помага при ублажување на болките во грлото и го олеснува голтањето. Медот е природен лек кој го штити респираторниот систем.

Спречува ризик од срцеви заболувања

Флавоноидите и антиоксидансите во медот се исто така корисни во спречување и намалување на ризикот од срцеви заболувања. Истражувањата покажуваат дека медот го забавува процесот на оксидација на лошиот холестерол во крвта кој штетно влијание врз нашето срце.

By Admin