Покрај поволната клима, луѓето кои живеат во некоја од скандинавските земји имаат многу бенефиции, кои што во другите земји ги има се помалку, а некаде и воопшто ги нема.
Земјите како што се Норвешка, Данска, Финска, Шведска и Исланд често се рангирани високо на листите со земји во кои луѓето се чувствуваат најсреќно и најзадоволно. На пример, тие секогаш се во првите десет земји во извештаите на индексот за среќа во светот. Тоа не случајно.
Луѓето во овие земји пред се ја ценат рамнотежата во животот
Имено, скандинавците не тежнеат кон тоа да постанат милиојардери. Знаат да бидат ефикани на работаи уживаат во неа, но воедно помининуват многу од своето време со емејството и пријателите, како и на нивните хобија. За волја на вистинат тие имаат и доста време за тоа.
Така на пример во Данска луѓето работат 37 часа неделно, за разлика од другите земји каде на неделно ниво луѓето поминуваат повеќе од 40 часа на работа.
Меѓутоа, како би биле попродуктивни данците не трошат време на паузи и дружби со колегите.
Годишниот одмор е уште една работа по која Данците се издвојуваат. Вработените во оваа земја имаат право на пет недели платен одмор. Исто така, тие се во можност да побараат платено отсуство поради стрес добиен на работното место.
Во Финска пак, вработените имаат право работниот ден да го започнат три часа порано или покасно. Оваа флексибилност овозможува вработените да си ја започнат смената како што им одовара по нивниот дневен распоред со обврски. Додека во Норвешка вработените кои ќе се разболат добиваат три недели платено отсуство.
Поминуваат многу време во природа
Факт е дека седењето во природа може да има позитивни ефекти за физичкото и менталното здравје. Скандинавците знаат како максималн да ја искористат природата. Па и кога времето е врнежливо или ладно, дури имаат и своја изрека која гласи: „Не постои лошо време, туку само погрешна облека“.
Но, и компаниите ги поттикнуват своите вработени да вежбаат и поминуваат време на отворено. Неретко и политиката на компаниите е таква што им се одвојува време на вработените за одење во природа за време на работната смена.
Парична поддршка за мајките и татковците
На Исланд родилките добиваат по девет месеци платено отсуство, а татковците три месеци.
Во Шведска родителите добиваат до 480 денови платено отсуство, а истовремено примаат 80 отсто од платата. На мајките им е дозволено и да работат со скратено работно време се додека детето не наполни осум години и примаат месечен додаток се додека детето не нполни 16 години.
Не се под стрес поради трошоци
Во многу земји луѓето трошат многу пари на сметки, здравствени услуги или школарина. Тоа не е случај со скандинавските земји. Здравството и обвразованието се бесплатни. Но и невработените не се изоставени од државата, тие имаат осигурување и парични надоместоци за издржување семејство, а државата им пружа прилика да се стекнат со работно исикуство.
Имаат доверба во луѓето
Скандинавците веруваат дека сите луѓе се подеднакво искрени и дека имаат најдобри намери. Па така социјалната интеракција во овие земји е доста пријатна и развиена како и меѓусебните односи кои скандинавците ги градат.
Она што можеби е и најважно за секој човек е дека стапката на криминал е многу мал, со што скандинавците се чувствуваат сигурно, и поради таа сигурност веруваат дека ако изгубат новчаник, истиот ќе им биде вратен.
Која од овие земји со задоволство би ја посетиле или пак, можеби живееле?!