Во споредба со ланската Новогодишна ноќ кога се беше под клуч, поради строгите епидемиолошќи мерки заради корона вирусот, оваа година на 31 декември ќе можат луѓето на многу места да се забавуваат со саканата музика, но многу од изведувачите сепак извисија.
Со месеци уназад се договараа гостувањата на ѕвездите од соседството по хотелите, ресторани, кафани клубови и за кратко време се е распродадено.
Најзвучните музички имиња ќе настапуваат во Белград а меѓу нив се Јелена Карлеуша, Марија Шерифович, Горан Брегович, Саша Матич, Наташа Беквалац, Саша Ковачевич, Хуррицане, Ацо Пејович, Александра Пријович, Дара Бубамара и друѓи.
Меѓутоа некој поради ковид мерките”извисија” за новогодишниот настап.
Војаж требаше да настапува во странство но гостовањето му е откажано па така неговиот менаџмент разгледува дали воопшто ќе работи на 31 декември.
Цеца Ржњатович требало да пее на плоштадот Прто Монтенегро во Тиват, Здравко Чолич во Котор а Дино Мерлин во Бар, Џибони во Будва. Меѓутоа Црна Гора не дозволи собири и концертите мораа да бидат откажани иако имаше огромен интерес од цел регион.
Министерката за здавство на Црна Гора Јелена Боровинич Борович пред неколку дена на прес конференција објави дека се е стопирано поради страв од ширење на Омикрон сојот.
Според наши сознанија овие изведувачи имаат и други опции за настапи, кој наскоро ќе ѓи соопштат јавно, па можеби некои од нив сепак ке работат, а доколку не дојде до тоа не се сомневаме дека ќе им биде забавно во новогодишната ноќ.