Во вашата корпа за отпадоци завршиле килограми и килограми храна, само поради датумот кој е наведен на амбалажата и покрај тоа што изгледа и мириса убаво и вкусна е.

Повеке од половина од населението на ЕУ не ѓи чита правилно ознаките затоа до кога смеат да се употрбат одредени производи. Тоа е причина да се фрлат милиони тони храна во ЕУ годишно.

Во што е разликата”употребливо до…”и “најдобро е да се употреби до…”?

Oзнаката “употребливо до….”значи дека одредениот производ не е пожелно да се конзумира после наведениот рок затоа што не е безбеден. Најчесто тоа е храна која брзо се расипува, како месо, млеко и млечни производи и сл.

Од друга страна ознаката”најдобро да се употреби до….” кажува само до кога храната е најквалитетна, но таа може да се употребува и после наведениот датум. Нормално под услов храната да е складирана соодветно,нормално да не е оштетена амбалажата и да нема видливи индиции за расипување како промена на боја, промена на мирис, мувла ….

Тоа е случај со кафето, чоколадото, брашно, ориз…..

Како што е објавено во октомври годинава, Европска унија планира нов закон за прехрамбените продавници кој набрзо трба да стапи на сила, а првата промена се однесува на храната со долг рок на траење. До сега храната со долг рок на траење како што се кафето, оризот, тестенините и маслото-носеа ознака “најдобро да се употреби до….” таа може да биде заменета со ознаката”често добро и после…..” затоа што таквата храна останува употреблива уште долго.

Овие производи едноставно не се расипуват ден после датумот за употреба.

By Author