Новиот коалициски партнер во владата, вчера на седница на централното председателство на партијата донесе одлука за кадровските решенија за состав на новата влада.
Генералниот секретар на Алтернатива и кандидат за градоначалник на Чаир на последните локални избори, Баким Сали, ќе биде нов министер за здравство на местото на Венко Филипче. Адмирим Алити ќе раководи со Министерството за информатичко општество и администрација, а Џемаил Чупи ќе биде министер без ресор задолжен за дијаспората. Партискиот порпарол, Орхан Муртезани, пак, ќе биде нов директор на МЕПСО.
„Во колегијална атмосфера и со почит, Централното претседателство дискутираше за начелата на квалитетното претставување на Алтернатива, избирајќи ги најдобрите и најквалитетни кадри кои ги има партијата. Така, после една плодна и аргументирана дебата, како што е пропишано во Статутот на Алтернатива, претседателот Африм Гаши ги предложи носителите на јавните функции, а Централното претседателство на Алтернатива го прифати неговиот предлог“-велат од Алтернатива.
Ова се дел од кадровските решенија кои новиот коалициски партнер во Владата – Алтернатива, одлучи да ги предложи за составот на новата влада.
- Хисни Исмаили – потпретседател на Собранието на РСМ;
- Беким Сали – министер за здравство;
- Адмирим Алити – министер за информатичко општество и администрација;
- Џемаил Чупи – министер без ресор одговорен за дијаспората;
- Лулзим Алиу – заменик-министер за образование и наука;
- Абдулшиќир Абедини – заменик-министер за земјоделство;
- Даим Лучи – заменик министер за култура;
- Орхан Муртезани – директор на МЕПСО;
- Амир Елези – директор на Клиничката болница во Тетово;
- Дритан Беџети – директор на ПИОМ;
- Мубекир Палоши – директор во АД „Железници на Македонија – Транспорт“;
- Блерим Абази – директор на Управа за водење на матични книги;
- Беким Емини – директор на Агенција за странски инвестиции.
На седницата, велат од Алтернатива, биле избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве.
Извор: 360 степени