Приведено лице за издржување казна затвор

На 19.12.2021 во 17.30 часот во с.Трубарево, скопско, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(48) од Скопје. За него била распишана Централна потерница по наредба на Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 229 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

Акциска контрола во угостителски објекти во Тетово: 6 лица без сертификати, 5 глоби, времено затворени 2 објекта

На ден 18/19.12.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во заедничка координирана акција со инспектори од Управата за јавни приходи и од Државниот пазарен инспекторат, во содејство со Единицата за интервентна полиција е извршена контрола на осум угостителски објекти во Тетово.

Како што посочи портпаролот на Министерството за внатрешни работи Сузана Прањиќ Талевска, при контролата биле затекнати 6 лица без сертификат за вакцинација и 2 лица без документи за идентификација.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат привремено се затворени 2 угостителски објекта, а од страна на Управата за јавни приходи се изречени 5 глоби на 5 угостителски објекти за неиздавање на фискални сметки.

Приведено лице барано по централна потерница

На 19.12.2021 во 14.10 часот на бул.„АСНОМ” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(63) од Скопје. За него била распишана Централна потерница по наредба на Основен суд Скопје 1 за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Со т.н. ноќен радар 248 санкции за брзо возење на територија на цела држава

Во текот на вчерашната вечер (19.12.2021) во периодот од 18.00 до 22.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 248 возачи. Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

При тоа 136 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 112 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Претрес во велешко, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

Денеска (20.12.2021) од страна на полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес во с.Горно Јаболчиште се лишени од слобода М.У.(60) и И.У.(34), двајцата од истото село. Имено, во 06.00 часот, при претрес во куќа и помошни простории каде живеат двете лица, извршен со судска наредба, биле пронајдени: една автоматска пушка кал.7,62 мм со две рамки и 50 куршуми, една ловна пушка кал.16 мм, еден пиштол 7,62 мм со една рамка и 22 куршуми и еден пиштол 7,65 мм со една рамка. Двајцата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

By Author