После Поразот на Евертон во дерби натпреварот со Ливерпул од 4:1, и освоените два бода во последните осум натпревари,навивачите беа бесни и го нападнаа спортскиот директор Брандс и председателот Бил Кенрајт.

Во време на мандатот на Марсел Брандс за тансфери се потрошени 300 милиони фунти, па очекувани се и подобри резултати. Евертон е 16 на табелата во Премиер лигата и само малку над зоната за испаѓање,па следствено многумина очекуваа и најавуваа отказ на Рафа Бенитез, но постојат и изненадувања.

Фудбалскиот клуб Евертон соопшти дека тренерот Рафаел Бенитез ја има целосната подршка на клубот, а додека спортсќиот директор Марсел Брандс поради лошата трансфер политика ќе ја напушти својата функција.

“Сопственикот и управата на клубот му се заблагодаруваат на Марсело Бранс за се што направи за клубот во последните три и пол години и му посакуваат срека во иднина. Истовремено сопственикот и управата на клубот ке продолжат да му пружат целосна подршка на нашиот тренер Рафаел Бенитез” се наведува во сопштението на Евертон.

Денес Евертон дома го пречекува Арсенал во натпревар од 15 коло од Премиер лигата.

By Author