Зимските празници се ближат, што значи дека доаѓа онаа доба од годината кога сакаме да направиме пријатна домашна атмосфера,со добро припремени јадења и по некоја иновативна идеја со која ќе ѓи израдуваме членовите од фамилијата и пријателите.
Ако сакате да ѓи водушевите вашите пријатели вегетерјанци, овој брз и едноставен карпачп од цвекло е идеално решение за вас.
За карпачо од цвекло ви е потребно
-четири големи сирови цвекла
-две лажици густ балсамико оцет
-екстра девичанско маслиново масло
-еден лимон
-две полни лажички дижон сенф
прелив:
-една лажица вустер сос
-една супена лажица безмастен јогурт
-50 грама рокула
припрема:
Исчистете го цвеклото и исечкајте го на кругови со дебелина од околу еден милиметар и ставете ѓи во голема чинија. Прелијте ѓи со балзамико оцет, една лажица масло и добар прстофат морска сол, па исцедете сок од пола лимон. Измешајте ѓи добро како секое парче би било натопено во смесата,затоа што таа ке ја даде мекоста на цвеклото.
За прелив, измешајте го сенфот, вустер сосот и јогуртот со преостанатиот лимон и четири лажици масло. Пробајте и додатно зачинете по свој вкус.
Наредете го цвеклото во голема чинија за сервирање и додадете ја руколата. Од високо прелијте со дресингот врз цвеклото и руколата, а од страната може да сервирате малку топло крцкаво лепче и козјо сирење.
Она што е посебно кај овој рецепт е процентот на калории кој изнесува 184, што го прави посебно здрав, а притоа необичен и вкусен.